Кошничка
Вашата кошничка е празна.
Вкупно
0 ден
Данок вклучен. Испораката е пресметанa при наплата
Достава до врата
2 до 3 работни дена
130 ден
Цена
0 ден
Провизија за готовинско работење
20 ден
Достава
130 ден
Вкупно за плаќање на курирот
150 ден
Податоци за испорака
Плаќање на врата
Плаќање при испорака на курир
Лесна замена на производи
1. Општи податоци и податоци за операторот кој обработува лични податоци
Почитуван потрошувач,
Те замолуваме внимателно да ја прочиташ Политиката за приватност пред да почнеш со купување. Во процесот на купување на интернет страната Trendiko.mk, согласен си со Политиката за приватност и потврдуваш дека си ги прочитал и разбрал условите под кои ги обработуваме твоите лични податоци и со тоа дека ја прифаќаш оваа Политика за приватност.
(ТРЕНДИКО КОМЕРЦ ДОО СТРУМИЦА) Друштво со ограничена одговорност, ТРЕНДИКО КОМЕРЦ ДОО СТРУМИЦА, со седиште на ул. Климент Охридски бр. 240, Струмица, со e-mail адреса: (info@trendiko.mk), кое е заведено во Регистарот на деловни субјекти на 19.09.2023 година со матичен брoj: 7697007, ЕДБ: 4027023538318, регистрирана дејност 47.91 - Трговија на мало преку пошта или интернет (во натамошниот текст: „Trendiko.mk“ ), ја почитува и заштитува физичката приватност на секое лице (корисници на веб страницата, потенцијални корисници, претставници на продавачи или други лица - во натамошниот текст колективно: „Лице или Ти“) чии лични податоци ги собира и обработува (во натамошниот текст: „Лични податоци“).
Собирањето, обработката и чувањето на личните податоци Trendiko.mk го врши во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 42/20 и 294/21) (во натамошниот текст: „Закон“) .
Бидејќи сме свесни дека приватноста е важна за тебе и со цел да ја заштитиме приватноста на лицето чии лични податоци ги собираме, ја усвоивме и објавивме оваа Политика за приватност, која дефинира кои лични податоци ги собираме, на кој начин, за каква цел ние го обработуваме, како го заштитуваме, колку долго ги чуваме и, конечно, кои се твоите права во однос на твоите лични податоци. Во овој поглед, Политиката за приватност ги опишува нашите практики во врска со собирањето на лични податоци, без разлика дали ги собираме директно од тебе, од страна на трети лица, за време на твојата посета на нашата веб страница, преку твојата писмена или усна комуникација со нас или од други извори. Во секој случај, доколку имаш прашања или сомнежи, слободно контактирај не во секое време на e-mail: info@trendiko.mk или со испраќање електронско барање до нашиот офицер за заштита на лични податоци на e-mail: zlatko@trendiko.mk
Ти благодариме за довербата!
2. Основни поими и Лични податоци обработени од Trendiko.mk
„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице;
„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;
„Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување;
„Обработувач на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот;
„Корисник“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка;
„Согласност“ на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци;
„Нарушување на безбедност на личните податоци“ е секое нарушување на безбедноста, што доведува до случајно или незаконско уништување, губење, менување, неовластено откривање или пристап до личните податоци кои се пренесуваат, чуваат или на друг начин се обработуваат;
„Посебни категории на лични податоци“ се лични податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство во синдикални организации, како и генетски податоци, биометриски податоци, податоци што се однесуваат на здравјето или податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација на физичкото лице;
Ние не ги собираме твоите лични податоци од посебни категории, освен ако истите не се доброволно достапни или ако тоа од нас се бара со важечките прописи.
„Лични податоци за деца“ се однесува на лица на возраст под 14 години.
Ние не собираме лични податоци од деца. Ние собираме лични податоци на лица над 15 години само заради користење на услугите на информатичкото општество, во согласност со член 12 од Законот за заштита на лични податоци.
3. Принципи на обработка на лични податоци
Имај на ум дека, во секое време, при собирање, обработка и складирање на твоите лични податоци, ние постапуваме на следниов начин:
- Личните податоци ќе се обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци („законитост, правичност и транспарентност“),
- Личните податоци ќе се собираат за конкретни, јасни и легитимни цели определени во оваа Политика за приватност и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели. Натамошната обработка за цели на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели, во согласност со членот 86 став (1) од Законот, нема да се смета дека не е во согласност со првичните цели за кои се собрани личните податоци („ограничување на целите“),
- Личните податоци ќе бидат соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат („минимален обем на податоци“),
- Личните податоци ќе бидат точни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе ги преземеме сите соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени („точност“),
- Личните податоци ќе се чуват во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци. Личните податоци може да се чуваат подолго од нивниот рок на чување ако се обработуваат само за целите на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели во согласност со членот 86 став (1) од Законот, а со применување на соодветни технички и организациски мерки согласно со Законот, заради заштита на правата и слободите на субјектот на личните податоци („ограничување на рокот на чување“),
- Личните податоци ќе се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки („интегритет и доверливост“).
4. Лични податоци што Trendiko.mk ги собира и обработува во твое име
Личните податоци што ги собираме, обработуваме и складираме се како што следува:
- Име и презиме;
- адреса за испорака на производите и достава на фактури (улица и број, поштенски број и место);
- адресата од која се подига производот (во случај на враќање на производот);
- Е-mail адреса;
- број на мобилен број;
- гласовни снимки кога зборуваш со нашите вработени;
- други лични податоци наведени во Политиката за колачиња достапни на веб страницата.
5. Личните податоци се собираат директно од тебе, како субјект на лични податоци или од други лица.
Директно собирање на лични податоци од Субјектот на лични податоци:
- При купување на производ
При склучување договор за купопродажба на производи со Trendiko.mk, како и за потребите на склучувањето и извршувањето на договорот (вклучувајќи испорака на производи, испорака на спецификации за нарачка, потврди за купени производи, како и други документи поврзани со купопродажниот договор), испорака на известување дека пратката е подготвена за испраќање, односно подигнување на одредена адреса/локација, достава на гарантeн лист, итн.), должен си да ни ги доставиш следниве лични податоци, кои податоци ги внесуваш при купување на производот и избирање на опцијата „Во Кошничка“ или „Нарачај Веднаш“ : име и презиме, адреса за испорака на стоката (улица, број на куќа, број на стан, град, општина), број на мобилен телефон и e-mail адреса).
Наведените лични податоци се чуваат во базата на податоци на Trendiko.mk пет години од твојата последна активност на веб страницата, како и издадената потребна документација согласно позитивните прописи од областа на готовинските плаќања, а во врска со извршениот промет на стоки и услуги, кои може да ги содржат твоите лични податоци. Личните податоци се чуваат во базата на податоци на Trendiko.mk и курирската служба во согласност со нивните политики за приватност.
- Кога ја регистрираш твојата сметка на нашата веб страница
Во случај да сакаш да соработуваш со нас преку регистрирање на твојата сметка на нашата веб страница, можеш да го започнеш процесот на регистрација и да ја креираш твојата сметка. Затоа, за да ја регистрираш твојата сметка, потребно е да го пополниш Формуларот за регистрација, кој е достапен на нашата веб страница во главното мени. Личните податоци што ги обработуваме во овој случај се: име и презиме, пол, e-mail адреса и бројот на мобилен телефон и датум на раѓање.
Опционален личен податок е и Датумот за раѓање. Доколку ни откриеш такви информации, ќе сметаме дека си ни дал согласност да ти испратиме роденденска честитка или персонализирана понуда која е врз основа на вашиот датум на раѓање.
Доколку не ни ги дадеш неопходните Лични податоци, нема да можеме да ја регистрираме твојата сметка.
Целта за која ги обработуваме потребните лични податоци е да ја регистрираме твојата сметка на веб страницата и да обезбедиме соодветна помош во однос на твојата сметка.
Потребните лични податоци се чуваат во нашата база на податоци две години од твојата последна активност на твојата сметка, додека опционалните лични податоци се чуваат додека не се отповика твојата согласност и во секој случај, тие се бришат по пет години од твојата последна активност на твојата сметка.
-Кога ги остваруваш твоите законски права (право на повлекување од договорот и враќање на производот, право на поднесување приговори, право на откажување на нарачката итн.)
Согласно Законот за облигационите односи и Законот за заштита на потрошувачите, во случај на склучување на договор за продажба на производи со Trendiko.mk, имаш различни законски права (право на откажување од договорот, право на поднесување приговор и сл.) Во овој поглед, и со цел да ти овозможиме да ги оствариш твоите права и да те информираме дека го добивме твоето барање за остварување на твоите законски права, без разлика дали си ја регистрирал твојата сметка на нашата веб страница или не, треба да ги откриеме твоите лични податоци, имено: име и презиме; број на мобилен; адреса од која се подига производот (улица и број, поштенски број и место), e-mail адреса.
Целта поради која ги обработуваме горенаведените Лични податоци е да овозможиме остварување на твоите законски права (право да се повлечеш од договорот, право да поднесеш жалба итн.) и да те известиме дека го добивме твоето барање поврзано со остварување на твоите законски права, што често вклучува враќање на стоката, односно враќање на платената цена.
Во случај да не ни ги дадеш наведените Лични податоци, нема да можеме да ти овозможиме да ги оствариш твоите законски права.
Со цел да ги оствариш твоите законски права (на пр. повлекување од договорот и враќање на производот), ние откриваме одредени Лични податоци на курирските служби (име и презиме, Адрса за подигање на производи, мобилен телефонски број).
Горенаведените лични податоци се чуваат во нашата база на податоци две години од остварувањето на твоето законско право.
- Кога се пријавуваш за директен маркетинг (по пат на е-mail и/или по пат на телефонски пораки, како што се СМС пораките, пораки на whatsapp, viber)
Кога се регистрираш за директен маркетинг, во делот „Претплати се на Попусти“, или други канали каде што промотивно се бара вашиот телефонски број или е-пошта ни даваш согласност да ја собереме и обработиме твојата e-mail адреса како и телефонскиот број (твоите лични податоци) за целите на испраќање на newsletter или понуда персонализирана само за тебе. Исто така, при пријавувањето на Newsletter, можеме да ти дадеме ваучер од одредена сума (со промотивен код) и кој ќе можеш да го користиш при купување на нашата веб страница, за време на периодот на важност на ваучерот.
Целта на обработката на горенаведените Лични податоци е директен маркетинг односно испраќање известувања за понуди, новости, дополнителни информации, тековни работи, настани и промоции што ги организираме, програми за лојалност, учество во наградни игри, како и за испраќање подароци (ваучери).
Наведените лични податоци се чуваат во нашата база на податоци додека не ја отповикаш твојата согласност и во секој случај се бришат по пет години од твојата последна активност на нашата веб страница. Можеш да ја отповикаш твојата согласност во секое време со отповикување на согласноста на e-mail-от што ти пристигна од нас, што ти овозможува да ја отповикаш твојата согласност (отштиклирај го полето за избор). Повеќе за отповикувањето во делот 7 со наслов Правна основа за обработка на лични податоци.
Имај во предвид, за да ти испратиме ваучер (подарок) со промотивен код на твојата e-mail адреса што ќе можеш да го користиш при купување на нашата веб страница, должни сме да ја доставиме твојата е-mail адреса на нашиот деловен партнер. Во секој случај, нашиот деловен партнер не смее да ги користи твоите лични податоци за други цели (ако се користат за други цели, тие ќе се сметаат за независни контролори).
- При контактирање на нашите вработени
Контактирање по телефон, по e-mail пат, во делот каде е достапно копче за чат или на социјалните мрежи (Facebook/Instagram итн.)
Кога контактираш со нашите вработени (по телефон, по e-mail или преку социјалните мрежи) со цел да ти биде одговорено на различни прашања поврзани со производите што се нудат на нашата веб страница, да го провериш статусот на пратката, да обезбедиш помош во функционирањето на самата веб страница или за каков било проблем или дилеми што ги имаш (на пример, одложување на рокот за испорака на пратката, со цел да ги оствариш твоите законски права дефинирани во точка в) од оваа Политика за приватност, информации за адресата на испорака на производ во случај на враќање на производот итн.), му даваш согласност на Trendiko.mk да ги собере следниве Лични податоци (во зависност од причината за контактирање): име и презиме, e-mail, број на мобилен телефон, адреса за испорака на производи.
Целта на обработката на горенаведените лични податоци е да се воспостави комуникација за да се одговори на твоите барања или да се прецизира твоето барање, односно да се провери статусот на пратката, да се обезбеди помош при активирање и функционирање на самата веб страница, т.е. одговори на сите твои дилеми и барања (на пример, поместување на рокот за испорака, со цел да ги оствариш твоите законски права дефинирани во точка в) од оваа Политика за приватност и колачиња, информации за адресата за испорака на производот во случај на враќање на производот и сл.)
Обезбедувањето на горенаведените лични податоци е неопходен услов за воспоставување комуникација помеѓу тебе и Trendiko.mk, односно за склучување на договор за продажба со Trendiko.mk. Во спротивно, нема да можеме да одговориме на твоето прашање, односно нема да можеме да одговориме на твоето барање (вклучувајќи го склучувањето и извршувањето на договорот).
Горенаведените лични податоци се чуваат во нашата база на податоци додека не ја отповикаш твојата согласност, т.е. најдоцна пет години од твојата последна активност на нашата веб страница(кога основата на обработката е твојата согласност) или пет години од твојата последна активност на веб страницата.
- Најави на социјални мрежи
Може да се случи да ги откриеш твоите лични податоци на Facebook или Google, во согласност со условите за користење и политиките за приватност од страна на трети лица, и тие лица да ги пренесат личните податоци во структурирана, вообичаено користена и електронски читлива форма на нов оператор, т.е. Trendiko.mk. Бидејќи тој пренос е направен од страна на трети лица, во согласност со нивните услови за користење и политики за приватност, ќе сметаме дека си дал согласност на тие лица да ни ги пренесат личните податоци. Така, ние нема да бидеме одговорни за обработка на личните податоци што ни се пренесени од страна на третите лица (Фејсбук или Google). Понатаму, од моментот кога ќе добиеме податоци од тие лица, ние ќе се сметаме за контролор и ние сме единствено одговорни за понатамошната обработка на Личните податоци.
Личниот податок што ни се пренесува од Facebook и Google, во согласност со нивните услови за користење и политики за приватност, е следниот: e-mail адреса, име и презиме и вашиот фејсбук профил доколку го имате.
Целта за која ги обработуваме наведените лични податоци е да ви овозможиме персонализирана понуда преку рекламен материјал на социјалните мрежи.
Наведените лични податоци ќе се чуваат во нашата база на податоци додека не ја отповикаш согласноста, а доколку не ја отповикаш согласноста, тие ќе бидат избришани по пет години од твоајта последна активност на твојата сметка.
- За време на твојата посета на нашата веб страница
За време на твојата посета на нашата веб страница, во одредени случаи, ги собираме и обработуваме твоите лични податоци преку колачиња. Од друга страна, има колачиња кои не ги собираат твоите лични податоци. За да дознаеш повеќе детали за горенаведеното, погледни го делот 15 кој е наменет за колачиња.
6. Цел на собирање и обработка на лични податоци
Целта на собирањето лични податоци е:
- склучување и извршување на договори за купопродажба на производи;
- извршување на платежни трансакции;
- почитување на законските обврски на Trendiko.mk, односно заради остварување на твоите законски права (право на повлекување од договорот, право на приговор, право на откажување на нарачката итн.);
- регистрација на твојата сметка на нашата веб страна;
- одговарање на твоите прашања или различни барања;
- подобрување на функционирањето на нашата веб страна и нашата услуга;
- испраќање известувања за директен маркетинг односно специјални и персонализирани понуди, новости, актуелни настани, новости и настани што ги организираме, промоции, програми за лојалност, учество во наградни игри, испраќање роденденски честитки, подароци (ваучер);
- e-mail и телефонска комуникација со Trendiko.mk;
- можен работен ангажман и контактирање во врска со можен работен ангажман (вклучувајќи и одржување на пракса);
- други цели дефинирани во Политиката за колачиња.
7. Правна основа за обработка на лични податоци
Во согласност со принципот на законитост, ние ги обработуваме твоите лични податоци врз основа на различни основи пропишани со закон, како што е следново:
- Твојата согласност
Твоите лични податоци добиени врз основа на твојата согласност ќе се обработуваат и чуваат во нашата база на податоци се додека постои твојата согласност, односно додека твојата согласност не биде повлечена. Можеш да ја повлечеш твојата согласност за собирање, обработка и употреба на твоите лични податоци во секое време со со електронско барање на e-mail: info@trendiko.mk или со испраќање електронско барање до нашиот офицер за заштита на лични податоци на e-mail: zlatko@trendiko.mk
Имај во предвид дека отповикувањето на согласноста не влијае на дозволеноста на обработка на Личните податоци врз основа на твојата согласност пред отповикувањето.
- Извршување на договорните обврски
Trendiko.mk собира лични податоци кои се неопходни за склучување и извршување на договорот за продажба помеѓу тебе и трговецот (вклучувајќи издавање сметки) и исполнување на преддоговорните обврски, во кој случај имаме основа за собирање, обработка и складирање на твоите Лични податоци.
- Исполнување на законските обврски согласно одредбите од Законот за заштита на потрошувачите и Законот за облигационите односи
До степен до кој обработката на твоите лични податоци е неопходна за исполнување на законските обврски на компанијата/трговецот, односно обврските дефинирани со различни закони, основата за обработката на твоите лични податоци е релевантната правна регулатива (на пр. Законот за заштита на потрошувачите).
8. Обработувачи и трети лица
Ние, исто така, ги откриваме личните податоци на одредени обработувачи, т.е. лица од трети страни: нашите поврзани страни на територијата на Република Северна Македонија, нашите вработени, трговците чии производи си ги купил на нашата веб страница, маркетинг компании, компании за комуникациски услуги или компании за истражување на пазарот или задоволството на клиентите, даватели на ИТ услуги, државни органи.
Дополнително, за да овозможиме функционирање на веб страницата, ангажираме други компании и поединци да извршуваат задачи во наше име и за наша сметка (испорака на пакети преку курир или превозник или испорака на пакети до трговци кои имаат продавница во близина на местото на испорака, испраќање пошта и e-mail, отстранување податоци што се повторуваат на списоците на потрошувачи, обезбедување помош за маркетинг, центар за повици, водење евиденција на курири и следење на пратки, плаќање за купени производи/услуги со картичка, користење на услугите на давател на платежна услуга (Банка, испорака на ваучери). Наведените трети лица имаат пристап до Личните податоци потребни за извршување на задачи за кои се ангажирани, но не смеат да ги користат за други цели (ако ги користат за други цели, ќе се сметаат за независни контролори).
Trendiko.mk нема да ги стави твоите лични податоци достапни на други обработувачи, односно трети лица, освен во случаите наведени во оваа Политика за приватност.
9. Период на чување на личните податоци
Податоците што Trendiko.mk ги собира врз основа на законот како правен основ, е должно да ги чува онолку долго колку што е определено со конкретен закон или друг позитивен пропис (две години од денот на остварувањето на твоите законски права, т.е. пет години од издавањето на фактурата).
10. Права на лица во врска со обработката на лични податоци
Покрај правата веќе споменати во оваа Политика за приватност, како и другите права предвидени со Закон и други прописи во согласност со Законот, Лицето на кое се однесуваат личните податоци има право:
- да побара информации дали Trendiko.mk ги обработува неговите/нејзините лични податоци и да побара пристап до тие податоци
На барање на Лицето, ќе обезбедиме информации за Личните податоци на лицето обработени од нас или нашите обработувачи, во согласност со нашите упатства, за целта на обработката на личните податоци, правната основа и времетраењето на обработката, името и адресата на обработувачот и неговите активности поврзани со обработката, околностите и влијанието врз повредата на личните податоци, како и мерките преземени за нивно отстранување, а во случај на пренос на податоци, информации за правната основа на таквиот пренос и примачот.
Ќе ти доставиме писмено изјаснување во најбрз можен рок по твоето поднесување на барањето, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето. Писменото изјаснување ќе биде дадено бесплатно, освен ако барањето е очигледно неосновано или претерано, а особено ако често се повторува. Во тој случај, може да ги наплатиме потребните административни трошоци за обезбедување писмено изјаснување или обработка на барањето, или може да одбиеме да го обработиме барањето.
Ние сме должни да му обезбедиме на лицето на кое се однесуваат личните податоци, на негово барање, копија од личните податоци што ги обработуваме. Може да побараме надомест на потребните трошоци за правење дополнителни копии што ги бара субјектот на податоците. Доколку барањето за копија е поднесено по електронски пат, информациите се доставуваат во најчесто користена електронска форма, освен ако Лицето на кое се однесуваат податоците побарало поинакво поднесување.
- да побара исправка, дополнување или бришење на неговите/нејзините Лични податоци и право на приговор на обработката на податоците
Субјектот на податоците има право да се исправат неговите/нејзините неточни лични податоци без непотребно одлагање. Во зависност од целта на обработката, субјектот на податоците има право да ги пополни своите нецелосни лични податоци, што вклучува обезбедување дополнителна изјава.
Субјектот на податоците има право да побара неговите/нејзините лични податоци да бидат избришани од Trendiko.mk. Доколку ја користиш мобилната апликација, можеш да го искористиш и твоето право за бришење Лични податоци со користење на опцијата „Избриши ја твојата сметка“. Во тој случај, веднаш ќе ги избришеме сите твои лични податоци, освен оние што мораме да ги чуваме одреден временски период поради законски обврски (како што е дефинирано во оваа Политика за приватност) или оние податоци што си ги открил кога се регистрираше за директен маркетинг. Секако, по истекот на законските услови, односно по користењето на опцијата да не го добиваш нашиот директен мааркетинг, твоите лични податоци веднаш ќе бидат избришани.
Ние сме обврзани да ги избришеме личните податоци без непотребно одложување, а најкасно во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето, доколку:
- Личните податоци повеќе не се неопходни за да се постигне целта за која се собрани или обработени на друг начин,
- Лицето ја отповикало согласноста врз основа на која е извршена обработката, а не постои друга правна основа за обработка,
- Лицето поднело приговор за обработка,
- Личните податоци се обработени незаконски,
- Личните податоци мора да се избришат за да се исполнат законските обврски,
- Личните податоци беа собрани во врска со користењето на услугите на информатичкото општество во смисла на Законот.
Ние сме должни да ги информираме сите примачи на кои им се откриени личните податоци за каква било исправка или додавање или бришење на личните податоци или ограничување на нивната обработка во согласност со Законот или барање прекумерно трошење време и ресурси. Ние сме должни да го информираме субјектот на податоци, на негово барање, за сите примачи.
- да поднесе приговор до контролорот
- правото на преносливост на личните податоци
Субјектот на личните податоци има право да ги прими личните податоци што претходно ни ги доставил во структурирана, вообичаено користена и електронски читлива форма и има право да ги пренесе овие лични податоци на друг контролор без мешање од наша страна, доколку кумулативно се исполнети следните услови:
- обработката се заснова на согласност или врз основа на договор;
- обработката се врши автоматски.
- да се ограничи обработката на личните податоци
Обработката на лични податоци може да биде ограничена од Trendiko.mk, доколку се исполни еден од следниве случаи:
- субјектот на лични податоци ја оспорува точноста на личните податоци, во рокот што ни овозможува да ја провериме точноста на личните податоци;
- обработката е незаконска, а субјектот на лични податоци се противи на бришење на личните податоци и наместо бришење бара ограничување на користењето на личните податоци;
- повеќе не ни се потребни Личните податоци за да ја постигнеме целта на обработката, но субјектот на лични податоци го побарал тоа заради поднесување, остварување или одбрана на правно барање;
- лицето на кое се однесуваат податоците поднело приговор за обработка согласно член 25 став 1 од Законот, а во тек е проценка дали правниот основ за обработка од страна на контролорот ги надминува интересите на Лицето.
Доколку смета дека тоа е оправдано во однос на конкретната ситуација во која се наоѓа, Субјектот на лични податоци има право да поднесе приговор за обработката на неговите лични податоци во било кое време, во согласност со Законот.
Субјектот на лични податоци има право да не се применува врз него/неа одлука донесена исклучиво врз основа на автоматска обработка, вклучително и профилирање, доколку таа одлука произведува правни последици за тоа лице или таа одлука значително влијае на неговата положба.
Во случај да сакаш да ги оствариш твоите права, те замолуваме да испратиш e-mail со барање на е-mail адресата: zlatko@trendiko.mk или info@trendiko.mk
11. Постапка во случај на повреда на Личните податоци
Доколку повредата на личните податоци може да предизвика висок ризик за правата и слободите на лицето, ние сме должни, без непотребно одлагање, да го известиме Субјектот на лични податоци за повредата што настанала и се во согласност со Закон.
Во случај на повреда на личните податоци што може да предизвика ризик за правата и слободите на лицето, Trendiko.mk е должно да ја извести Агенцијата за заштита на личните податоци без непотребно одлагање или ако е можно во рок од 72 часа.од сознание за повредата по електронски пат на incident@privacy.mk или на https://eprijavi.privacy.mk/.
Известувањето доставено до надлежниот орган ги содржи сите информации согласно Законот и релевантните подзаконски акти.
12. Пренос на лични податоци надвор од територијата на Република Северна Македонија
Преносот на лични податоци во друга земја или меѓународна организација, без претходно одобрение, може да се изврши доколку се утврди дека таа друга земја/меѓународна организација обезбедува соодветно ниво на заштита, односно соодветни заштитни мерки, на личните податоци согласно чл. 50 од Законот за заштита на личните податоци, или, пак, истата е земја-членка на Европската Унија или Европскиот економски простор.
Правните лица на кои компанијата им пренесува лични податоци користат јавни облак (cloud) сервери DIGITAL OCEAN лоцирани на територијата на Сојузна Република Германија, во Франкфурт. Овaa земја е членка на Европската Унија со што преносот на лични податоци на територија на истите, согласно Законот за заштита, е непречен.
13. Линкови до веб-страници и услуги на трети страни
Нашата веб страна може да содржи линкови до веб-локации на трети страни. Имај вo предвид дека ние не сме одговорни за собирање, користење, одржување, споделување или откривање податоци од трети страни. Доколку обезбедиш информации за веб-локации на трети страни и ги користиш тие веб-локации, ќе важат политиките за приватност и условите за користење на тие трети страни. Ти препорачуваме да ги прочиташ политиките за приватност на веб-локациите што ги посетуваш пред да испратиш лични информации.
Со кликнување на нашата спонзорирана реклама на Facebook или Instagram, ја прифаќаш можноста податоците за твојата посета на нашата веб страна да бидат обработени од гореспоменатите социјални мрежи доколку имаш сметка на нив. За да ја избегнеш оваа ситуација, те советуваме прво да се одјавиш од твоите кориснички сметки од овие социјални мрежи и дури потоа да кликнеш на линкот кој води до нашата веб страна за да ја посетиш нашата веб страна на една од споменатите социјални мрежи.
14. Доверливост на личните податоци и транспарентност
Твоите лични податоци ќе се третираат како доверливи информации и Ние ќе преземеме соодветни неопходни мерки за да ги заштитиме во согласност со Законот. Пристап до нив ќе имаат само лица кои, имајќи го предвид описот на работата што ја вршат, треба да се запознаени со твоите лични податоци и само до степенот неопходен за извршување на нивната работа.
Оваа Политика за приватност и колачиња е достапна на нашата веб страница. Доколку одлучиме да ја промениме нашата Политика за приватност и колачиња, промените ќе бидат објавени и објавени на нашата веб страна.
Доколку имаш прашања или барања во врска со обработката на твоите лични податоци, слободно контактирај не 24/7 на e-mail: info@trendiko.mk или со испраќање електронско барање до нашиот офицер за заштита на лични податоци на e-mail: zlatko@trendiko.mk.
15. Политика за Колачиња
Како и многу компании, ние користиме технологија на нашата веб страница Trendiko.mk (во натамошниот текст: Trendiko.mk) врз основа на која добиваме податоци кои ни помагаат да го подобриме твоето искуство и нашите производи и услуги.
Колачињата (во натамошниот текст: „Колачиња“) што ги користиме овозможуваат нашата веб страница да функционира и ни помагаат да разбереме кои информации и реклами се најкорисни за тебе, како наш посетител и наш корисник.
Што се колачиња и како се собираат?
Колачињата, ознаките за пиксели и слични технологии се датотеки со мали количини на информации што се преземаат од кој било уред со овозможен интернет - како што е твојот компјутер, паметен телефон или таблет - кога ја посетуваш веб-страницата. Колачињата потоа се испраќаат назад до веб-локацијата од која потекнуваат при секоја следна посета или на друга веб-локација што го препознава тоа колаче. Колачињата извршуваат многу различни и корисни работи, како на пример памтење на твоите преференци, генерално подобрување на твоето „онлајн“ искуство и ни помагаат да ти ги понудиме најдобрите производи и услуги. Постојат многу видови колачиња. Сите тие функционираат на ист начин, но исто така се различни. За колачињата, кои можеш да ги најдеш на нашата вебстраница, погледни го соодветниот дел подолу.
Зошто собираме колачиња?
Ние користиме колачиња кога корисникот ја користи нашата веб страница. Колачињата ни кажуваат кои страници ги посетуваш и колку често. Ние ги користиме тие информации за да ја зголемиме корисноста на нашата веб страница, првенствено од технички причини, како што е подобрата навигација на страницата. Покрај тоа, ние користиме додатоци за интернет страници кои складираат податоци во твојот локален прелистувач за подобро да ја разбереме аналитиката на интернет страницата. Овие податоци се бришат кога ќе го затвориш твојот твојот прелистувач.
Нашата веб страница исто така користи колачиња за управување со програми за рекламирање преку Интернет. Колачињата го следат твојот прелистувач така што секогаш ќе бидеш препознаен кога ќе пристапиш на други интернет страници. Нашиот систем за управување со рекламирање го дозволува користењето на овие датотеки со пиксели и колачиња за да ни обезбеди информации за рекламирање кога ќе пристапиш на нашата интернет страница. Исто така, користиме датотеки со пиксели за да одредиме кога имаме промотивна понуда и други интеракции поврзани со таа промотивна понуда, на пример, кога ќе кликнеш на понудениот линк. Овие датотеки со пиксели обично важат одреден број денови и се овозможени од нашиот давател на управување со реклами.
Ние анализираме како се користи веб страницата и колку е посетена (на пример, нашата веб страница може да содржи софтвер за мерење кој е во наша сопственост, а кој ќе ни овозможи да придонесеме за истражување на пазарот). За време на твојата посета на нашата интернет страница, некои од „колачињата“ ќе бидат насочени кон „колачиња“, за да можеме да видиме какви видови интернет страници те интересираат. После тоа, можеме да пласираме реклами на твојот интернет прелистувач што се засноваат на твоите интереси. На пример, ако читаш многу за кујна, ќе ти прикажуваме реклами за производи поврзани со кујна.
Колачињата дополнително ни овозможуваат да избираме реклами или понуди, кои најверојатно ќе ти се допаднат, да ти ги прикажуваме додека користиш онлајн услуги или да ти испраќаме маркетинг пораки. Ние, исто така, користиме колачиња за да ги следиме одговорите на онлајн рекламите и маркетинг пораките. Колачињата ни помагаат да ти покажеме реклама која ќе ти биде интересна, како и да контролираме колку пати ја гледаш и да ја измериме ефективноста на нашата рекламна кампања.
Ние, исто така, користиме колачиња за собирање анонимни, збирни статистички податоци што ни овозможуваат да разбереме како луѓето ја користат нашата веб страница и ни помагаат да ја подобриме структурата и содржината на веб страницата, а исто така ни помагаат да ја измериме ефективноста на нашите рекламни кампањи и кампањите на надворешните веб-страници.
Кој собира колачиња?
Во зависност од содржината, колачињата може да бидат поставени од нас (како што е дефинирано во Политиката за приватност и колачиња) или од страна на трети лица.
¬ Колачиња поставени од Trendiko.mk
Тоа се колачиња што ги поставуваме на нашата веб страница, на која си моментално, и кои ги користиш кога ја прелистуваш нашата веб страница.
¬ Колачиња на трети лица
Нашата веб страница може да содржи одредени содржини кои потекнуваат од други сајтови (на пр. Facebook, Youtube, Instagram итн.) при што тие други сајтови може да постават одредени колачиња на нашата веб страница. Тоа се колачиња кои не се поставени од наша страна како сопственик на веб страницата.
Преку овие колачиња, третите лица кои ги поставиле можат да добијат информации за твоето однесување на нашата веб страница.
Ако не сакаш да ги прифатиш колачињата на трети лица, можеш да го одбиеш пристапот до нив со одбивање согласност преку нашата алатка за управување со колачиња или со подесување на поставките на твојот интернет прелистувач.
Кои видови на колачиња ги има на нашата страница?
¬ Строго неопходни колачиња (Задолжителни колачиња)
Овие колачиња се од суштинско значење за правилно функционирање на нашата веб страница. Тие ти овозможуваат да ги користиш сите функции на нашата веб страница, како и да ги посетиш сите содржини. Иако овие колачиња собираат одредени податоци од твојот компјутер, тие не служат за да те идентификуваат како поединец, туку да ти овозможат да ја користиш нашата веб страница.
Во случај да не ги прифатиш овие колачиња, можеби нема да можеш да ја користиш нашата веб страница или пристапот до одредени содржини и функции може да ти биде оневозможен.
Период на чување: Трајно
Провајдер: Trendiko.mk
Тип: Колачиња
¬ Колачиња за објавување (Маркетинг колачиња)
Период на чување:
3 месеци (тоа го одредува формата за објавување)
90 дена (тоа го одредува формата за објавување (Facebook)
Провајдер:
Google
Тип: Колачиња
¬ Колачиња за чат (Задолжителни колачиња)
Период на чување:
6 месеци
Провајдер:
tawk.to
Тип: Колачиња
Списокот на споменатите колачиња не е конечен и непроменлив, и може да се менува кога е неопходно да се подобри функционалноста на нашата платформа и да се обезбеди подобро корисничко искуство на сите посетители на нашата платформа. Според тоа, те замолуваме редовно да ја проверуваш листата на активни колачиња на нашата веб страна.
Како се контролираат и бришат колачињата?
Колачињата поставени на нашата веб страница сами по себе не се сметаат за прифатени, па ако сакаш да ги оневозможиш или избришеш, прво мора изрично да ги прифатиш преку алатката за управување со колачиња, кога ќе ти биде прикажана при првата посета на нашата веб страница.
¬ Оневозможување колачиња преку нашата алатка за управување со колачиња
При твојата прва посета на нашата веб страница, ќе ти се појави образец кој ти овозможува да избереш кои колачиња ќе ги овозможиш и прифатиш, па индиректно ќе одлучиш кои лични податоци ќе ги откриеш на тој начин. Освен неопходните колачиња, кои се однапред штиклирани како прифатени и не можат да се исклучат, мора изрично да ги одобриш сите други видови колачиња со штиклирање на полето пред нив. Доколку не ги одобриш изрично, ќе се смета дека не си ги прифатил.
¬ Оневозможување преку поставките на твојот интернет прелистувач
Повеќето интернет прелистувачи се поставени автоматски да прифаќаат колачиња. Ако не сакаш нашата веб страница да складира колачиња на твојот уред, можеш да ги промениш поставките на твојот прелистувач за да добиеш предупредување пред да се зачуваат одредени колачиња. Можеш исто така да го поставиш твојот прелистувач да ги отфрла повеќето од нашите колачиња или само одредени колачиња од трета страна. Дополнително, можеш да ја повлечеш согласноста за колачиња со бришење на колачиња кои веќе се зачувани.
Во случај да користиш различни уреди за пристап до нашата веб страница (вклучувајќи различни типови уреди како телефон, таблет, лаптоп компјутер), неопходно е да извршиш подесување на твоите прелистувачи на сите овие уреди.