Кошничка
Вашата кошничка е празна.
Вкупно
0 ден
Данок вклучен. Испораката е пресметанa при наплата
Достава до врата
2 до 3 работни дена
130 ден
Цена
0 ден
Провизија за готовинско работење
20 ден
Достава
130 ден
Вкупно за плаќање на курирот
150 ден
Податоци за испорака
Плаќање на врата
Плаќање при испорака на курир
Лесна замена на производи
1.1 Основни одредби
Правила за користење (во натамошниот текст Oпшти услови) ги регулираат меѓусебните права, односи и услови под кои компанијата ТРЕНДИКО КОМЕРЦ ДОО СТРУМИЦА (во натамошниот текст Trendiko.mk) обезбедува услуги на клиентот/корисникот (во натамошниот текст Корисник). Корисник е секое лице (физичко или правно) кое ја посетува нашата онлајн продавница на Trendiko.mk или што купува на оваа интернет адреса. Со поднесување на барање за воспоставување на односи со клиентите, Корисникот потврдува дека е информиран за сите одредби од Општите услови пред склучување на договорот и дека целосно се согласува со нив.
1.2 Работно време
Контакт е-пошта: info@trendiko.mk (00-24h, сите денови во неделата)
Телефон за контакт: +389 (0) 71 417 444 (09:00-16:00 часот, Понеделник до Сабота)
1.3 Лажно претставување
На нашиот сајт Trendiko.mk не е дозволено имитирање и регистрација под туѓа е-пошта, туѓи лични податоци како што се име, презиме, адреса и телефонски број. Против таквите активности, Продавницата може да покрене соодветни правни постапки.
1.4 Заштита на податоци и користење на колачиња
Овој материјал е детално опишан во делот на онлајн продавницата наречен „Политика за приватност и колачиња“ и е составен дел од Правила за користење.
1.5 Нарачување производи
Со потврдување на нарачката, се смета дека е склучен Договорот помеѓу Trendiko.mk и Корисникот, во согласност со одредбите на Општите услови за услугата за купување стоки што ги нарачал Корисникот. По добивањето на нарачката преку веб страницата, Trendiko.mk ја потврдува телефонски, преку e-mail или СМС. Доколку вработениот во Trendiko.mk поради која било причина не ја потврди нарачката телефонски во рок од 24 часа (на пр. никој не одговара на повикот, погрешен телефонски број итн. (), Trendiko.mk го задржува правото да не ја исполни нарачката и ќе ги врати резервираните производи на продажба. Trendiko.mk не може да гарантира достапност на истите производи при нарачување. Trendiko.mk се обврзува правилно да ги испорача нарачаните производи. Во случај на каква било промена, Trendiko.mk има должност да го извести Корисникот, преку телефон (усно), или преку е-пошта.
Цени на производите
Сите цени на Trendiko.mk се изразени во денари (МКД). Цените прикажани во описот на производот се цени што ги плаќа корисникот на Trendiko.mk, без трошоци за достава што корисникот ги плаќа кај Курирската служба за испорака (освен ако на корисникот не му е поинаку наведено, на пр. во случај нарачката да содржи производ со кој следува бесплатна достава). Во случај цената на артиклот да се промени при процесирање на нарачката, Продавницата ќе му ја наплати нарачката на Корисникот по цената пред промена на истата, односно по цената што важела во моментот кога корисникот го извршил купувањето. Договорот за продажба помеѓу Trendiko.mk и Корисникот важи од моментот кога Trendiko.mk ќе ја потврди нарачката (Клиентот добива e-mail известување за статусот на нарачката). Од тој момент, сите цени и други услови се непроменети и важат и за Trendiko.mk и за Корисникот.
Начин на плаќање
Trendiko.mk моментално нуди можност за плаќање во готово, по приемот на купениот производ. Корисникот се обврзува да плати со готовина при испорака на пакетот кај курирот кој ја носи стоката. Курирот ќе му ја наплати на Корисникот цената на нарачаните производи, цената на трошок за испорака (само доколку е претходно наведена) и 20 денари провизија за готовинско работење.
1.8 Испорака на стоки
По завршувањето на процесот на онлајн купување, се креира нарачка и стоката е резервирана во магацинот. Пратката се предава на курирската служба, заедно со податоците на Корисникот и курирската служба му ја доставува стоката на Корисникот на саканата адреса во рок од 2 до 5 работни дена. Партнер за испорака на продавницата е Еко Логистик Сервис. Испораката на стоката зависи од курирската услуга и се врши исклучиво на територијата на Република Северна Македонија и не може да се испорача надвор од границите на оваа држава. Пакетот ќе биде доставен на саканата адреса, а во случај Корисникот да не е на адресата во моментот на испорака, пакетот ќе се чува во најблиската канцеларија на Еко Логистик Сервис, за да може Корисникот да го подигне во рокот дефиниран со Еко Логистик Сервис.
1.9 Време на испорака
Времето на испорака е 2-5 работни дена од денот на склучување на договорот, но зависи од курирската служба на Еко Логистик Сервис, а на овој рок влијае избраната услуга, местото каде што се испраќа пратката, вредноста и тежината на пакетот. Сите стоки нарачани во работните денови ќе бидат доставени до курирската служба следниот ден, освен ако не е потребно повеќе време за да се изготви производот, но Trendiko.mk секако ќе се обиде да ги достави нарачаните производи до курирската служба што е можно побрзо, освен ако не е поинаку договорено со Корисникот. Вашата пратка може да пристигне и надвор од предвидената рамка која е наведена на веб страницата на Trendiko.mk.
1.10 Квалитет на производот
Trendiko.mk го гарантира квалитетот на своите производи. Сите производи ги исполнуваат спецификациите наведени од производителот. Trendiko.mk се обврзува да му испрати на Корисникот производ чиј рок на траење не е истечен, доколку производот купен од Корисникот има рок на траење.
1.11 Описи на производи
Фотографиите на веб-страницата на Trendiko.mk реално ги претставуваат производите од нашата понуда. Продавницата се стреми да ги опише сите производи што е можно попрецизно. Исто така, Trendiko.mk не гарантира дека сите дадени информации во врска со производите се точни, целосни, сигурни и без грешки. Доколку производот што сте го купиле отстапува од податоците наведени на страницата, можете да го вратите во првобитната состојба со комплетната документација што ја добивте, а ние ќе ви ги вратиме парите. Описите на производите и препораките за употреба се преземени од Производителот или од нивните веб-локации и се преведени за да им помогнат на корисниците да ракуваат со истите. Овие упатства, кои ги препорачува Производителот, не треба да се сфаќаат буквално, тие служат само како препорака. Се замолуваат корисниците да не информираат за какви било грешки во описите на производите на телефон +389 (0) 71 417 444 или на е-пошта info@trendiko.mk
1.12 Промена (ажурирање) на податоците на страницата
Trendiko.mk го задржува правото да ги промени информациите прикажани на која било страница на сајтот во секое време, без претходна најава. Посетителите на Trendiko.mk немаат право еднострано да ги менуваат условите за користење и секоја можна промена е невалидна, освен ако двете страни не се договорат писмено.
1.13 Достапност на производот
Може да се случи нарачаниот производ да го немаме на залиха, поради доцнење во ажурирањето на податоците во онлајн продавницата. Продавницата е должна да го извести Корисникот за ова преку е-пошта или телефонски повик.